Home Што рекоа за проектот

Што кажаа некои од досегашните учесници во претприемачките програми на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија

 

Душко Трајановски – ко-сопственик на Тотал медиа, Струмица

На почетокот ми изгледаше како интересна приказна, а сега со сигурност тврдам дека е. Проектот пружа одлични можности за networking ,за споделување на искуства со луѓе од слични но и од различни бизниси.Остваривме контакти со преку стотина фирми од регионов: Македонија,Албанија,Косово иХрватска.Склучивме соработка со четири компании,а во преговори сме со уште неколку.Успешна приказна во секој случај.Учеството во проектот е одлична шанса,зграбете ја пред тоа некој да го направи пред вас.

Даниел Радевски – сопственик на Термалкомфорт, Гостивар
Имав намера сериозно да го развијам тојот бизнис. Но, како управител и менаџер, школуван технички (дипломиран на Машински Факултет на катедрата за термотехника) ми се јави потреба за унапредување на моите менаџерски вештини. Нив немав шанса да ги научам на факултетот, па преку Програмата за Претпреимачи и Програмата за Финансии од овој проект, ги развив и ги прилагодив во секојдневното работење во мојата фирма. Моите придобивки се во областа на организирањето на работата, во донесувањето на одлуките, во настапот на пазарот и во развивањето и креирањето на политиката на самата компанија.
На македонските претприемачи би им препорачал да се вклучат во што поголем број и сите проблеми кои што ги имаат во главата да ги изнесат и да се обидат да ги решат во тек на учеството во многуте програми што ги нуди проектот.

Валентина Динова, генерален менаџер на Best Start Edu, мастер франшизер на Хелен Дорон во Македонија
Се вклучивме во овој проект затоа што сметаме дека само со едукација и наш личен развој, а паралелно со тоа и развојот на нашата фирма, можеме да ги постигнеме нашите цели и да го развиваме нашиот бизнис. Од Програмата за Претприемачи имавме многу придобивки. Едукацијата и тренингот што ги добивме се од врвни ментори-специјалисти од одредена област. Разменивме многу искуства со други бизнисмени и со ментори, кои веќе се докажани во својата работа и ги поминале проблемите со кои ние моментално се соочуваме. Од проектот добивме и техничка поддршка, која ни помогна да унапредиме некои процеси во нашата фирма, а исто така да го зголемиме бројот на вработени во нашата фирма. На сите млади претприемачи им препорачувам да инвестираат многу повеќе во нивниот личен развој и да се приклучат во оваа програма.

Дарко Спировски - Институт на ЈЕИЛ, Тетово
Таков директно апликативен систем како што е овој проект, досега не сме имале во Македонија, барем не бил организиран на ваков начин. Проектот е нешто што треба да се пренесе на народот, на претприемачите, на луѓето кои сакаат да развиват бизниси учејќи преку реални примери, преку реални достигнувања на претприемачи кои веќе ги надминале проблемите со кои се соочуваме и кои што со својот личен пример, ќе го пренесат своето искуство, ќе ги мотивираат присутните и ќе им помага да го преточат во реалниот бизнис.

Перица Ивановски - сопственик на Студио Кул Кат (Cool Cut), Скопје
Јас лично мислам дека ваков тип на програми и предавања се двигател за подобрување на бизнис климата, каде што можеш значително да го тестираш својот успех.
Интерактивна програма која нуди пред се едукација од било кој поглед, доста пријатна атмосфера, размена на лични искуства помеѓу учесниците, поврзување и стекнување на нови познанства. Затоа на секој претприемач ја препорачувам оваа програма бидејќи може да ги развие уште повеќе своите креативни способности.

Звонимир Мечалов - сопственик на Нена комерц, Велес

Се приклучив на овој проект за да научам нови работи од бизнисот за кои воопшто досега и не сум имал прилика да слушнам, како и да остварам поголем број на контакти со други компании од други региони на Македонија. За само неколку месеци како учествувам во проектот, остварив доста плодна соработка со четири компании од Македонија а верувам дека овој тренд ќе оди во нагорна линија. На македонските претприемачи и менаџери им препорачувам да не се двоумат туку да се вклучат во овој проект, затоа што како сопственици на компании и како менаџери, има многу работи за кои што треба да учиме.

Сашко Атанасовски - менаџер на хотел Бел Камен, Радовиш
Се вклучив во овој проект со желба за лична надоградба, остварување на повеќе бизнис контакти, запознавања со други компании кои што надвор од оваа програма не би можел да ги запознаам. Учеството во Програмата за Претприемачи и Програмата за Финансии од овој проект, ми помогна полесно да се снајдам во новата работна позиција и да научам работи коишто дирекно ми беа потребни. Ми помогна и во успешноста во работењето и остварување бизнис контакти без кои не би можел да работам и да функционирам. Би им препорачал на сите претприемачи и менаџери да се вклучат во оваа програма затоа што имаат што да добијат.

Филип Додевски - сопственик на Филанд, Куманово
Се вклучив во овој проект пред се заради едукацијата, нови бизнис контактикои овозможуваат поголема соработка меѓу компаниите во рамките на бизнис клубот на ЦЕЕД. Како резултат од учеството во Програмата за Претприемач, ја подобрив организација на работа во нашата компанијаи и се вклучивме во нов бизнис - дистрибуција на високо квалитетни душеци од Ес Дреам од Србија.

Авни Тачи – сопственик на Сан енд Старс (Sun and Stars) , Тетово
Помошта која ја добивме од вас е помош која треба да ја добијат сите успешни луѓе кои за тоа имаат потреба. Прва работа која ја научив на надтаните за размена на искуства е да не доцнам за да не му го одземам времето на друг, а втора корисна работа е тоа што добив многу одговори на прашања кои не ги знаев. Најголема придобивка за мене претставуваа средбите и заедничкото време поминато со другите учесници (пријатели). Знам дека до успехот не се стигнува со лифт, туку секогаш треба да се оди по скали и кога се оди на таков начин, скала по скала, успехот е посодржински и континуиран. УСАИД и ЦЕЕД ми помогнаа да ги направам првите чекори, првите неколку скалила. Тоа нема да ме доведе до успехот наеднаш, но на крајот сепак ке успеам.

Цанка Велкова – сопственик на Брејн о Брејн (Brain o Brain), Скопје
Програмата за Претприемачи ја доживувам како перспективна, квалитетна и едукативна.
Комуникациите и средбите со менторите и учесниците на програмата ми отворија нови сознанија и визии. Во однос на бизнисот најголем успех е отварањето на центар во друг град во Р. Македонија.
Програмата веќе ја препорачувам на соработници и пријатели како програма во која ќе го најдат првичниот импулс за нови соработки и идеи.

Ванчо Ангелов – сопственик на Геохидроинженеринг, Скопје
Првите три збора кои ми паѓат на памет кога ќе помислам на програмата за предприемачи се МИСЛИ, ОДЛУЧУВАЈ и РАБОТИ.
За време на посетување на програмата и после тоа, кај мене лично и во мојот бизнис се јави поголема сигурност во одлучувањето, планирањето како и подобри визии за водење бизнис во иднина.
Со учество во програмата се проширува кругот на деловни луѓе, се слуша нивното искуство. Од предавањата може да се слушнат доста позитивни работи и ако истите би се имплементирале во предприемачкото работење резултатите се неминовни.

вмрежување

applay
svedoshtva

News

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро...
  • viagra tabletter viagra på nett viagra pills
  • order viagra online without a prescription sildenafil price buy tadalafil in new zealand cialis contrarembolso cialis 20mg forum acheter viagra sur net celebrex prezzo artane compresse lipitor pharmacie
    koop cialis cialis bien de precio acquisto cialis senza ricetta
      viagra to buy in australia buy viagra online australia legally can you get generic viagra in australia