Дома АКТИВНОСТИ Програма за продажба и извоз

Програма за продажба и извоз

 

ЗОШТО ПРОГРАМА ЗА ПРОДАЖБА И ИЗВОЗ?
Да се понуди на пазарот производ или услуга со висок квалитет и конкурентна цена е потребен, но не и доволен услов за успех. Клучно за успехот е вашиот производ или услуга да се продаде. Денес повеќето производи и услуги за воопшто да се појават на пазарот имаат прилично воедначени (а многу често и идентични) карактеристики и споредливи (а многу често и идентични) цени. Во таква ситуација, разликата меѓу успехот и неуспехот во најголем дел ја чинат Вашите продажни вештини.
Продажните вештини често се сметаат за нешто што човек или „го има“ или „го нема“. Тоа, се разбира, едноставно не е точно – продажните вештини може да ги научи секој кој е подготвен да научи како да создава вредност за другите. Создавањето на вредност пак, е клучната продажна вештина и таа е длабоко поврзана со умеењето работите да се согледаат од перспектива на „другата страна“.

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Низ предавања и практични вежби, учесниците во програмата ќе се здобијат со вештини и техники кои ќе им помогнат да го водат процесот на продажба и извоз, а не да бидат само учесници во него. Процесот на продажба за нив ќе стане јасно дефинирана структура, која ќе можат да ја контролираат, управуваат и модифицираат според своите и потребите на нивните клиенти.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Претприемачи и менаџери кои поминале низ програмата за претприемачи, претприемачка програма за финансии, претприемачка програма за маркетинг, или перспективни претприемачи кои водат микро и мали претпријатија што имаат:

  • До 10 вработени
  • Мали годишни приходи
  • Мнозинска сопственост од Македонски граѓани
  • Компании кои не се вклучени во некои од индустриите што УСАИД не ги подржува
  • Среден до висок потенцијал за раст
  • Способен и амбициозен менаџерски тим
  • Подготвеност финансиски да партиципираат за учество во програмата
  • Минато успешно работење
  • Желба и отвореност за нови знаења и идеи
  • Отворање минимум 1 работно место

Теми

 

 

Вовед во продажбата

  • Што е продажба
  • Главни актери во продажбата

 

Основи на продажба

  • Чекори во продажбата
  • Личен продажен план

 

Алатки во продажба

  • Продажна инка
  • Продажни прашања
  • Дефинирање на моќни прашања
  • Приговори и одговори на приговори
  • Дефинирање на можни приговори и одговори
  • „FAB“ модел
  • Дефинирање на бенефити на производ
  • Препорачана продажба
  • Вкрстена продажба
  • Вмрежување

 

Како да го зголемиме извозот

  • Извозна стратегија
  • Извозни алатки

 

Како ефикасно да се зголеми продажбата и позитивно да се влијае на клиентите

  • Како да се зголеми продажбата
  • Како ефикасно да се прилагоди продажниот пристап соодветно на специфичноста на купувачите
  • Техники на продажба како најдобри алатки на водење на купувачите кон продажба

 

Продажни вештини – клучно парче во мозаикот на успехот

 

  • Како да се зголеми продажбата
  • Како ефикасно да се прилагоди продажниот пристап соодветно на специфичноста на купувачите
  • Техники на продажба како најдобри алатки на водење на купувачите кон продажба

 

Продажни вештини – клучно парче во мозаикот на успехот

 

  • Природа и структура на продажниот процес
  • Планирање на продажниот процес
  • Воспоставување на „право“ да му се обратиме на корисникот
  • Ефективна комуникација како клучна алатка во продажниот процес
  • Утврдување на потребата/проблемот на корисникот
  • Креирање на решение за корисникот
  • Решавање на дилеми и забелешки на/од корисникот
  • Презентација на решението
  • Затворање на продажбата

 

ll. СОВЕТИ ОД КОНСУЛТАНТОТ

Учесниците ќе имаат можност за индивидуални консултации поврзани со продажбата и извозот во нивните компании.

lll. ЧЛЕНСТВО ВО ЦЕЕД РЕГИОНАЛНИОТ КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ И МЕНАЏЕРИ

Пристап во мрежа над 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија со можност за воспоставување на корисни бизнис контакти и соработка.

- Можност да бидете промовирани на бизнис порталот на ЦЕЕД www.bi.mk

IV. КОМПОНЕНТА II - УСЛУГИ ЗА БИЗНИС ПОДДРШКА

V. KOМПОНЕНТА III –КАПИТАЛ, КВАЗИ КАПИТАЛ И БИЗНИС АНГЕЛИ

ЗА ПРЕДАВАЧИТЕ:

petar  kalinПетар Лазаров и Калин Бабушку имаат долгогодишно искуство во обуки и имплементација на програми за продажба и извоз. Тие се дел од тимот што го креираше брендот МАМА'с – Домашни Традиционални Рецепти (www.mamasfood.mk), и работат на негово промовирање и продажба на домашниот и интернационалниот пазар. Исто така, Петар и Калин се автори на единствениот прирачник за личен и професионален развој – TIP OF THE WEEK, кој за само 2 месеци од неговото лансирање ги достигна бројките на продажба еднакви на најпродаваните бестлесери во Македонија.
Македонија-Eкспорт Консалтинг (www.macedonia-consulting.com) е уникатен вид на македонска компанија, дел од Mакедонија-Eкспорт која нуди консултантски услуги и обуки од областа на развој на бизниси (Долгорочна Развојна Стратегија, Маркетинг, Продажба и Извоз), како и програми за јакнење и зголемување на мотивацијата и ефикасноста на работните тимови. Комбинацијата од теоретско познавање на областите во кои работи компанијата, како и практичното искуство во работењето, е нивната најголема предност при изработка и имплементација на програмите.

dragisaДрагиша Ристовски (D.R. Gilbert): има повеќе од 20 години искуство на различни позиции од комерцијалист до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи пред 15 години, а денес, негова експертиза е директната продажба, мотивација на вработените и лидерство. Автор е на бестселерите: „Губат само оние кои не играт“, „Продажна арена“, објавени под севдонимот Д.Р. Гилберт. Подоцна следуваа книгите: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијание“ и најновата „Kако да ги унапредите своите преговарачки вештини“. Наскоро се очекува неговата најнова книга „Како да станате ефикасен менаџер за продажба“. Во бизнис круговите е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари го држи вниманието и ги мотивира слушателите со позитивна енергија. Основач е и директор на „D.R. Gilbert Centar Group” и „D.R. Gilbert консалтинг“, а со-сопственик е во уште две фирми. Работи како постојан консултант за унапредување на продажбата за повеќе реномирани компании и посредник е на „Здружение на професионални продавачи на Србија“. Во 2012 год. Ја основа Академијата за комерцијална комуникација, а покрај тоа креатор е уште на 9 авторски програми за едукација на бизнис вештини. Во својата кариера одржал повеќе од 900 тренинзи, семинари и предавања во сите земји од поранешна Југославија, а кои предавања значајно ги дополнил со практично искуство.

ilijancoИлијанчо Гаговски – долгогодишен лидер на операциите на Мајкрософт во Македонија (2002-2013), тој беше одговорен за создавање на услови за отварање на канцеларија на Мајкрософт во Македонија (одговорна за биснисот на Мајкрософт и во Албанија и Косово), за нејзиното формирање, екипирање и раст во изминатата деценија. Пред тој ангажман, Илијанчо работеше во Логин Системи (2000-2002) како раководител на продажба и маркетинг, а пред тоа (1994-2000) работеше во МБС – IBM Alliance како продавач и координатор на продажните канали на оваа фирма, застапник на IBM за Македонија. По образование е инженер по електроника и телекомуникации (дипломирал на ЕТФ при УКИМ – Скопје во 1992 година), а во моментов ја подготвува МБА тезата при Американ Колеџ во Скопје. Значајна улога во неговото професионално оформување имале големиот број на обуки и семинари за продажба и менаџмент на кои учествувал како дел од неговиот работен ангажман во Мајкрософт и во IBM, двете клучни фирми во глобалната ИТ индустрија.
Негов најизразен професионален интерес е влијанието на технологиите врз начините на кои совремниот човек учи, работи и се забавува, а низ призмата на бизнис можностите кои овој постојан процес секојдневно ги создава.

Цената на програмата е 999 ЕУР во денарска противвредност, од кои 400 ЕУР се стипендирани од УСАИД Македонија а учесникот партиципира со 599 ЕУР во денарска противвредност, по среден курс на НБРМ на денот на издавање на фактурата.
Право на аплицирање за дополнителна стипендија имаат сите кандидати кои исполнуваат некој од условите за стипендија, наведени во апликацијата. Кандидатите кои исполнуваат повеќе критериуми за стипендија, ја пополнуваат апликацијата одбележувајќи ги соодветните критериуми кои ги исполнуваат.
Напомена: Бројот на дополнителни стипендии е лимитиран по 10 стипендии од Скопскиот, Вардарскиот, Југоисточниот и Полошкиот регион. Системот на доделување на дополнителните стипендии е „Прв пријавен, прв услужен“. Доколку кандидатот исполнува повеќе од еден од критериумите за дополнителна стипендија, ќе му биде одобрена стипендија по основ кој носи најголем % односно највисокиот износ на стипендија по еден од тие основи.

apliciraj
svedoshtva

Новости

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...
  • cialis comprare dapoxetin kosten proscar rezeptfrei bestellen
  • buy levitra professional viagra no prescription uk sildenafil brand names acheter champix internet kamagra hinta viagra mg pas cher en france livraison rapide pantoprazole acquisto dapoxetine compresse dulcolax pharmacie
    achat cialis 5mg en ligne comprar cialis generico 20 mg levitra lääke
      can i buy cialis in bali can viagra be bought over the counter in australia viagra online melbourne australia